Источен Ерусалим како „папокот на светот“

Источен Ерусалим како „папокот на светот“

Градот Ерусалим е суштината на судирот помеѓу Палестина и Израел и прашањето за неговиот статус ја генерира целата енергија . Односно неговиот Стар Град во Источен Ерусалим во кој се наоѓа Храмовата гора, наречена така затоа што ги има остатоците од Храмот на Соломон.

Западниот ѕид од тој храм се нарекува „Ѕидот на плачот“ по арапски „Бурак“ (свето место за евреите); Тука е џамијата Ал Акса и до неа Златната купола над каменот кој лебди (свети места за муслиманите); Тука блиску на десетина минути пешачење е Големиот Храм на Воскресението важен за Христијаните во кои се наоѓаат Голгота со местото на раснување и Гробот господов. Него го користат и православните и ориенталните православни и католиците. Места за чија превласт вечно се води војна.

Статус-кво

Султан Осман III увидувајќи какви немири може да предизвикаат овие неколку километри земја решил да прогласи статус-кво и да не дозволи никому да има превласт. Султан Абдул меџит 1852 година донел сличен Ферман. А клучевите од црквите биле во рацете на неговиот повереник Богориди ( близок со македонецот Анатолиј Зографски ) кој не ги давал клучевите ниту на Франција ниту на Русија. Ова се однесувало на христијанските објекти но, на Берлинскиот Конгрес 1878 година со ова внимателност се опфатени и исламските објекти.
Во време на Британскиот мандат над Палестина 1917 година документи со слична содржина биле донесени од британскиот пратеник Самуелс. Било формирано едно врховно тело и бил назначен Муфтија на Ерусалим. После 1948 година Источен Ерусалим и Западниот брег потпаѓаат под Јордан па така посебен одел за овие вакуфи ( свети места) се грижи за овие свети места. Но после војната во 1967 година Израел го презема Источен Ерусалим и има свој оддел за контрола на овој вакув.

Историјатот на „високиот ѕид“

Со мировниот договор во Осло 1994 година помеѓу Израел и Палестина сепак на Јордан му се вратени посебните овластувања над овие свети места. Во 2013 година и Палестина го прифаќа ова решение. Источен Ерусалим е ограден со висок ѕид од областа Западен брег. Со тоа на Арапите во Ерусалим не им се дава да се преселуват и да се населуват тука. Тоа ги осиромашува Палестинците и ги става во тешка економска положба.


Во 1994 година после договорот во Осло во САД е донесена одлука да го признае Ерусалим како главен град на Израел но со можност да се одлага ова заради безбедност. Но, на 6 декември 2017 година Претседателот Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел.
Хамас од своја страна и новото кредо на исламизмот во регионот дека Источен Ерусалим е главен град на Палестина го создава овој голем проблем и тој се претвара во дел од верскиот живот на дел од верниците во светот.

Да не се заборави дека непосредно до ова жариште на проблемот се наоѓат најзначајните христијански објекти. Околу нив се водени многу војни и во Ориентот и во Европа. Судирот бил изразен со векови помеѓу православните, ориенталните православни и католиците. Решението е најдено во намалувањето на екстремните барања и прифаќањето на модел кој би бил прифатлив за сите како основ за траен мир.

Автор

Петар Трајков


КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста