Ковачки: Власта без легитимитет сака да протурка закони кои беа предизборни ветувања

Ковачки: Власта без легитимитет сака да протурка закони кои беа предизборни ветувања

Заглавени закони, декларации, одлуки, одолговлекување на важни законски решенија – ваква е сликата на 8 дена до распишувањето на изборите во законодавниот дом каде пратениците ги засукаа ракавите па работат со полна пареа. На помалку од три месеци до избори се форсираат сите седници кои биле недовршени, а во исто време се одржуваат и неколку комисиски расправи.

Меѓу законите е и оној за помилување. Eдна од најзначајните измени во законот е тоа дека претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, во еден ваков период на техничка влада која треба да ги спроведе изборите, не треба да се брза со вакви закони. Пратеникот Драган Ковачки смета дека владејачкото мнозинство сака да го помине набрзина овој закон бидејќи токму тоа му било предизборно ветување на претседателот Пендаровски. СДСМ го брани законското решение – предлогот не бил „ад хок“, туку предлог базиран на повеќегодишно истражување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста