Ковачевски останува единствен „другар“ на Ахмети: Алијанса не оди предизборно со СДСМ и ДУИ

Ковачевски останува единствен „другар“ на Ахмети: Алијанса не оди предизборно со СДСМ и ДУИ

Димитар Ковачевски останува осамен во партнерството со Али Ахмети. Нема никаква шанса Алијанса за Албанците да оди на заеднички листи со ДУИ на парламентарните избори, дознава Алфа од извори од партијата на Арбен Таравари. Нема ништо од изјавата на партискиот лидер дека не ја затвора вратата за заеднички настап со ДУИ и СДСМ, бидејќи од таму се свесни дека евентуален настап со Али Ахмети би бил еден вид самоубиство за Алијанса.

Останува отворено прашање дали можеби Таравари ќе настапи со Европскиот сојуз за промени на Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити, од каде порачаа дека се отворени за сите кои сакаат ДУИ да замине во политичката историја.

-Ние како албанска опозиција значи имаме место за секој што мисли и ја поддржува нашава идеја. Отворени се вратите, така што за секој граѓанин, за секоја партија, за секоја асоцијација, за секое здружение има место во нашиот блок, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Очекувано партнер во ДУИ во ниту еден момент не гледа ниту обединетата албанска опозиција, составена од Беса, Алтернатива и Демократското движење. Од таму порачуваат дека во ниту еден момент не би коалицирале со Али Ахмети, дури и ако такво партнерство е неопходно за формирање на идната Влада.

-Ние бевме дел од ДУИ, но поради тоа што мислиме дека не кореспондира или заложбите за што ДУИ ги доби изборите не кореспондираат во реалноста во овој мандат што го има. Плус и додадените вредносни негативи што ги доби во последниот мандат, знаете секој ден се поврзани со различни скандали, ние не гледаме никаква причина да бидеме со нив во коалиција, изјави Ганиу.

Дека нема никакви шанси по изборите да коалицираат со ДУИ порачаа и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека после нивната победа на изборите, партијата на Али Ахмети ќе замине во опозиција. Од таму побараа и да нема технички премиер на предлог на интегративците, бидејќи биле партија која последниов период била центарот на сите коруптивни скандали. За такво нешто понудија и укинување на техничката Влада пред изборите, иако таму министерски места и следуваат токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста