Погрешно е очекувањето дека ако се намалат функционерските плати ќе се зголемат тие во јавниот сектор, вели Битиќи

Погрешно е очекувањето дека ако се намалат функционерските плати ќе се зголемат тие во јавниот сектор, вели Битиќи

Ќе се намалат ли платите на функционерите со новото прекројување на државната каса? Вицепремиерот за економски прашања вели дека се работи за намалување на платите, а буџетот за наредната година е адаптиран според постоечките закони. Пари за зголемените плати од 78% има.

Евентуалното намалување на функционерските плати не значи зголемување на платите во јавниот сектор. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача дека ваквото толкување е погрешно и очекува набргу пред Владата да има предлог од работната група што треба да понуди решение за интервенции на платите на функционерите, чие зголемување за 78% од март годинава предизвика бура реакции од јавноста и низа протести за зголемување на примањата на работниците.

  • Во однос на тоа кога би се намалиле платите на функционерите имајќи предвид дека дел од јавниот сектор штрајкува и е во очекување на намалување на парите на функционерите за да се зголемат нивните пари, тоа е погрешно очекување и некој едноставно сака да креира такво очекување. Кое било намалување, ако има намалување, нема да биде доволно за да се покрие евентуалното зголемување на 135 000 вработени во јавниот сектор затоа што зборуваме за 1260 избрани и именувани лица“, рече Битиќи.

Кое било намалување, ако воопшто го има, нема да биде доволно за да се покрие евентуалното зголемување на 135.000 вработени во јавниот сектор, додаде Битиќи, и потсети дека 78% повисоки плати земаат 1.260 функционери.

Работната група има одредени предлози, се уште се обидува да ги хармонизира со сите засегнати страни, додава вицепремиерот, оти како што нагласи, евентуалното намалување кај платите на избраниците се прави преку седум законски решенија.

Инаку, во изминатиот период само во Скопје се одржаа еден куп протести на вработените во државната администрација кои бараат повисоки плати. Од синдикалните организации по кој знае кој пари побараа зголемување на примањата на работниците, по примерот на платите на функционерите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста