Техничка влада треба да се избере на крајот на јануари

Техничка влада треба да се избере на крајот на јануари

На 28 јануари Македонија ќе го добие првиот премиер Албанец а најдоцна на 28 февруари ќе бидат распишани изборите, доколку парламентарните и вториот круг на претседателските бидат на 8 мај – овие рокови ги потврди првиот човек на Собранието. Околу се поизвесната средба помеѓу парламентарните партии за официјално да се договорт за датум, Џафери порача  им порача дека чека на нивниот договор.

Политичките партии кои се во Собранието ќе треба да се усогласат околу евентуалниот датум на одржување на изборите во рамките на она што се дадени како рамки за определување на условите со Уставот и законите во рамките на последните 60 дена од претседателски и последните 90 дена од парламентарните избори. Ако се претпостави она што се шпекулира дека 8 мај би бил прифатлив за сите да бидат заедно регуларни избори, претседателски и парламентарни, тогаш роковите се во рамките на минимум 70 и максимум 90 дена од распишување до одржување на изборите. Изборите во тој случај би се распишале околу 27 или 28 февруари. Ако се одржат заеднички на 8 мај, како резултат на пржинскиот договор, техничка влада би требало на крајот на јануари да е избрана 27 или 28 јануари да се избере техничка влада. Тоа се роковите во однос на она што би бил конкретниот датум за избори доколку е 8 мај“, рече Џафери.

Собранието ќе работи во полн состав и на 12 мај ќе може да го инаугурира новиот претседател на Македонија. Првата конститутивна седница мора да се одржи на 28 мај, се бира претседател  на Собранието а после во рок од 10 дена треба да се додели мандатот за формирање на нова Влада.

Предлогот за заеднички парламентарни и претседателски избори на маса го ставија ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката СДСМ до последен момент негодуваше, а изјавите секогаш одеа во конекст дека изборите ќе бидат редовни а датумот ќе се договори. Откако ДУИ, прифати споени избори, и социјалдемократите го сменија ставот. ВМРО-ДПМНЕ во скоро време очекуваат да бидат поканети на средба во Собранието.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, очекуваме да се одржи средба и да се прецизира 8 мај како датум за споени избори“ – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

На денешниот брифинг со новинарите, спикерот Џафери зборуваше и за големиот број седници кои се закажани за денеска. 11 продолженија на седници кои не се одржале со месеци – некои точки се повлечени а некои се гласаат. Ова според Џафери е проблем кој се провлекува со години – новиот Деловник кој беше изгласан минатата недела, а ќе се применува од следниот парламентарен состав, ќе оневозможи седниците да се одолговлекуваат и по четири години и до крај  да останат незавршени. Кон средината на месецот треба да се одржи и седницата за буџетот за 2024 година, седница за уште една прераспределба на државни пари, како и годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски. После тоа, на 28 декември ќе се одржат и последните пратенички прашања.

https://youtu.be/gGslw3zgy_Y
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста