Ковачевски не сакаше техничка Влада, ама за  Албанец премиер ќе ја остави да функионира

Ковачевски не сакаше техничка Влада, ама за Албанец премиер ќе ја остави да функионира

Не сака техничка Влада, и не се согласува со тој концепт, ама штом треба да се задоволат апетитите на ДУИ, наеднаш техничката влада не е проблем за Ковачевски. Иако ВМРО-ДПМНЕ се откажува од пржинскиот модел и со тоа би изгубиле технички минстри и заменици министри, сепак Ковачевски како и неговите колеги челници на ДУИ не попуштаат, техничка влада ќе имало. Зошто? Затоа што со овој модел ДУИ ќе го добие она што го договори со Заев, а тоа е албанец премиер во последните 100 дена од Владата.

Премиерот Ковачевски пред само 9 месеци јавно зборуваше дека тој не се согласува со техничка влада и е подготвен да го смени законот ако имаат воља партиите, ама сега кога треба да се додвори на интегративците, концептот се чини не му пречи.

  • Ние имаме еден специфичен Закон за Влада, во кој се предвидува 100 дена техничка влада, концепт со кој јас не се слагам. Ќе ви кажам зошто, тој концепт на Пржинска или техничка влада е договорен во едни услови кога Македонија беше оценета според сите и според нас внатре како заробена држава и сметам дека земја членка на НАТО, која што преговара со ЕУ, која претседава со ОБСЕ, сметам дека не треба да има ваков тип на Влада пред изборите“ рече Димитар Ковачевски – претседател на Влада (16.03.2023).

Доколку Ковачевски би останал доследен на својот став кажан во март годинава, и прифати да се укине моделот на Пржинска влада, тоа практичо би значело дека ќе се замери со интегративиците, кои гласно говорат дека успеале да договорат албанец премиер. А тој албанец премиер би бил предлог на ДУИ, партијата која по последно време се повеќе е во центарот на скандали со сомнеж за криминал и корупција.

За првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е понижувачки.

  • За мене е понижувачки како граѓанин, како политичар, партијата која што во последно време е во центар на скандалите, а тоа е ДУИ да номинира премиер. Не гледам каков квалитет може тој премиер да донесе и каква додадена вредност. Во техничката Влада има повеќе опструкции отколку нешто кое што може да додаде вредност во процесот“ рече Мицкоски на 23.11.2023.

Инаку ова не е прв пат Ковачевски да смени ставови со цел да ги исполни барањата на ДУИ, претходно и токму за датумот на изборите Ковачевски беше дециден дека претседателските и парламентарните избори нема да се споени, но стом партијата на Ахмети даде амин, цврстото НЕ на Ковчаевски, стана меко ДА за одржување на изборите во ист ден.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста