Голема заинтересираност за вакцинација против сезонски грип

Голема заинтересираност за вакцинација против сезонски грип

Голем е интересот за вакцинирање против сезонски грип. Досега во Источниот регион се имунизирале над 6000 граѓани, што е повеќе за разлика од претходните години. Во Штип вакцина против грип примиле 2000, а во вакциналниот пункт во Кочани  во просек дневно се вакцинирираат по стотина граѓани. Имунизацијата е од голема важност, сметаат епидемиолозите. Со неа се зголемува превенцијата, а се намалуват компликациите кои би можеле да бидат и со смртен исход, посебно кај ризичните групи на граѓани.

   „Во зависност од барањата може да аплицираме и поголема бројка, зашто секоја нова апликација е борба против замавот на грипот кој би бил ако не се врши никаква имунизација. Секоја година бројката на вакцинирани расте и сметам дека на тој начин се бориме против сезонскиот грип„ изјави Гоце Серефимов, директор на Центар за јавно здравје-Кочани.

Од вкупно 59.000 пријавени , досега во државата се вакцинирале над 50.000 граѓани. Од Министерството за здравство информираат дека граѓаните се уште може да се пријавуваат за бесплатна имунизација. Со програмата се опфатени лицата над 65 години и хронично болните, бремените жени, децата до шест години, како и здравствените работници.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста