И натаму се трага по девојчето од Скопје

И натаму се трага по девојчето од Скопје

И по 24 часа од нејзиното пријавување за исчезната, се уште не е пронајдена 14 годишната Вања. Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, се проверуваа и снимките од безбедносните камери, но засега ниту трага ниту глас од тинејџерката од Скопје.

Од МВР соопштуваат и дека извршени се информативни разговори со лица блиски на малолетничката. До јавноста се апелира да биде внимателна и да не се шират дезинформации.

Веста за исчезнувањето на малолетното девојче со молба за помош до граѓаните ја објави нејзината мајка на социјалните медиуми вчера утрото, а претходно случајот го пријавила и во полиција откако била известена од класниот раководител дека деветтоодделенката не се појавила на часови во училиште.

Мајката вели дека утрото пред да излезе од дома Вања била добро расположена и не се сомнева дека девојчето самоволно заминало некаде затоа што како што вели станува збор за мирно и повлечено дете во кое има целосна доверба.

Девојчето вчера било облечено во црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат била видена во скопската населба Дебар Мало на пат кон училиштето Песталоци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста