„Северна“ ја нема во свечената изјава, правни експерти: Право на самоопределување!

„Северна“ ја нема во свечената изјава, правни експерти: Право на самоопределување!

Ниту Уставот, ниту Договорот од Преспа се прекршени со името Македонија изговорено од новата претседателка Силјановска Давкова, за време на заклетвата во Собрание.

Во свечената изјава напишана во Изборниот законик стои старото уставно име односно Република Македонија, додека во највисокиот правен акт, членот 81 предвидува ново избраниот шеф на државата да даде ветување во Домот на демократијата, дека ќе ги почитува Уставот и законите. Во текстот таму, никаде не стои обврска да се каже државното име.

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела, велат од кабинетот на претседателката во Вила Водно.  

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.

Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата“ велат од Кабинетот на претседателката во Вила Водно.

Во истата насока, правници и универзитетски професори не гледаат ништо спорно во дадената  изјава на Силјановска Давкова, со оглед на правото на самоопределување на народите како темелна вредност.

  • „Не можам да дадам конректни забелешки затоа што не сум од дипломатскиот кор, нели и не е моја задача да ги коментирам, но нели секој пат треба да се почитува волјата на народот, и да земе предвид правото на самоопределување на народите, затоа што тоа е принцип темелник на меѓународниот поредок на кој се засноваат сите земји“ рече АНА НИКОДИНОВСКА КРСТЕВСКА – УГД ШТИП.

Со оглед дека Силјановска Давкова го испочитувала изборниот законик, останува неодговорено и прашањето од каде претседателот на Собранието Јован Митрески го црпеше текстот на свечената изјава во која тој го наведе и зборот „северна“.

ДУИ први се пуштија во обвинувања зошто новата претседателка не го кажала новото уставно име, но заборавија како даваше заклетва Талат Џафери во 2020 при неговото назначување за претседател на Собранието.

  • „Ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Македонија“ рече Талат во август 2020-та.

Власта брзаше да го имплементира договор од Преспа, иако во него роковите кои се наведени предвидуваат нивна имплементација, ама откако Македонија ќе отпочне да ги отвора поглавјата со Европската Унија.

Издавањето на ваквите документи и материјали… ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш“ стои во Член 1 Став 10 од Преспанскиот Договор.

„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Вака гласеше референдумското прашање, но засега нема ништо ниту од ЕУ, но ни од Република Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста