Нема никаков епилог и по четири месеци од упадот во контролната кула на М-НАВ

Нема никаков епилог и по четири месеци од упадот во контролната кула на М-НАВ

Четири месеци по упадот во македонската навигација, Обвинителството уште прибира документација, испитува сведоци, а докази бара и од меѓународни институции. Тепачи уште одат на работа, само не пијат кафе со тепаните. Нема епилог ниту од дисциплинските постапки, барем од информациите што се познати. 

Против сите осум осомничени имало мерки на претпазливост велат од ОЈО.

  • Предметот е во фаза на истрага против осум лица.  Во досегашната постапка испитани се осомничените и повеќе сведоци, прибавена е документација и извештајот од Агенцијата за цивилно воздухопловство за настанот. Постапката продолжува со прибирање други докази од домашни и меѓународни институции. Со одлука на судот, против сите осум осомничени лица на сила се мерки на претпазливост“ велат од Основното јавно обвинителство.

Според наши информации, обезбедувањето односно приватната фирма која го обезбедуваше објектот на македонската навигација продолжила со работа и по индицентот кој се случи на почетокот на оваа година.Според договорот кој што бил склучен, М-НАВ ќе треба да плаќа пенали ако го раскине.

Прв помеѓу обвинетите е Беким Незири кој во кампањата беше главен промотор Бујар Османи како претседателски кандидат на ДУИ и промоција на матичната партија. И по инцидентот тој остана на претседател на чаирскиот огранок, а беше и во првите редови заедно со функционерите на Интегративците.

Кривичен откако се корегира во одлуката, па наместо само мерки за претпазливост им одреди домашен притвор на напаѓачите во македонската навигација, за повторно, судиите на барање на обвинителството да ги пуштија на слобода. Наместо во притвор, судот им ги одзема само пасошите и им забрани да го напуштаат градот во кои живеат.

Инцидентот во М-НАВ се случи на 4 јануари годинава, кога осум лица упаднаа во канцелариите на Македонска навигација на аеродромот во Скопје и нападнаа контролор на летање, откако Синдикатот на контролорите на летање се кренаа на нозе поради несоодветна селекција на кандидати на оглас за нови вработувања и обвиненија за партизација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )