Министерот за администразација организирал „гезме“ работилница со државни пари во семејна кафеана

Министерот за администразација организирал „гезме“ работилница со државни пари во семејна кафеана

За работилница долга 18 минути министерот за информатичко општество, Наим Бајрами во 10 наутро потрошил цели 48 илјади и 500 денари или околу 800 евра. И не било каде, туку во фамилијарен ресторан сместен во главниот град. На средбата закажана за 10 часот, за помалку од 20 минути присустните нарачале дури 60 кафиња, над 100 сокови, телешки чорби и ордевери. Се јадело и салата со морски плодови.

ПОКАНА: До вас, на ден 27ри Март 2024 година за учество во работилница која ќе биде одржана во салата на правното лице Унистил Скопје, со почеток од 10:00 часот која е планирано да трае во периодот до 28.03.2024 година.

ЕСПРЕСО 60*70ДЕНАРИ = 4.200

КОКА КОЛА 40*80 ДЕНАРИ = 3.200

ПРШУТА ПОРЦИЈА 30*350=10.500

ЧОРБА ТЕЛЕШКА 40*150=6.000

РОСА 330 МЛ 40*70=2.800

СОК НЕГАЗИРАН 200 МЛ 44*100=4.400

САЛАТА СО МОРСКИ ПЛОДОВИ 30*100=3.000

Бајрами тврди дека нема ништо спорно во изборот на ресторанот и дека се било во интерес на средбата која што била закажана. За подетални информации не упати да побараме од неговиот кабинет.

И службите во министерскиот кабинет, не дадоа конкретен одговор како за толку кратко време била направена сметката и зошто токму овој ресторан бил избран. Велат дека бројот на присутни гости не можеле да го предвидат, а за секоја средба имало одреден лимит кој не можело да се надмине.

  • „Се предлага се прифаќа или не се прифаќа местото. А за 18 минути порано или подоцна, не можам да ви го разберам прашањето, бидејќи вообичаено за таков вид на активности имаме одобрени лимити како вредност, бидејќи не знаеме колку од повиканите гости ќе пристигнат, нема да пристигнат, ниту да се прекорачи, ниту да се скрати било што од замислената организација “посочува Александар Дракулевски – Советник во Кабинет на министерот на МИОА.

Работилницата од Министерството била закажана на 27-ми март, во 10 часот во посочениот ресторан, а фактурата издадена 18 минути подоцна. Темата на која се дискутирало била унапредување на работните процеси согласно реформата за државната администрација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста