Командант Форина по трагите на УЧК: Талат Џафери целосно ја „ДУИзираше“ премиерската позиција

Командант Форина по трагите на УЧК: Талат Џафери целосно ја „ДУИзираше“ премиерската позиција

Командант Форина по трагите на УЧК. Во три дена од тетовско Селце до кумановско Липково, регионите кои беа главни жаришта на конфликтот во 2001-та. Набиена агенда на техничкиот премиер Талат Џафери само на локации каде неговата ДУИ се бори за гласовите на етничките Албанци.

Со ваквите прошетки Талат Џафери ја злоупотребува функцијата за партиска пропаганда и целосно го урива концептот на техничка Влада чија едниствена цел треба да биде организирање на фер избори.

-Повеќе од очигледно е дека агендата која што ја тера во тој крај се однесува за можност за враќање на изгубените гласови, кои очигледно ќе ги имаат. И обид за враќање на некаков загубен рејтинг кој очигледно е разнишан со поврзаноста на опозицискиот блок кај македонските Албанци. Претпоставувам дека сега само се обидува со гол популизам да ги покрие загубените гласови, изјави политичкиот аналитичар Александар Ристевски.

Според Ристевски јасна е злоупотребата бидејќи кампањата се тера во работно време.

-Неговата позиција во тие 100 дена е токму тоа, да воспостави критериуми и стандарди како најфер и најрегуларно ќе се одвиваар изборите. Доколку изборната кампања е во дневниот дел на неговите активности во крајот каде што тој очекува да се избори за гласови, тогаш и повеќе од евидентна е злоупотребата, вели Ристевски.

А премиерската турнеја на Џафери под партиски амблем си ја промовира и самата ДУИ, таков беше примерот и за оваа посета во Липково.

-Првиот албански премиер доаѓа во Липково за да ги посети новата градинка и Домот на културата во Матејче, завршувањето на работите на патот до браната Липково и спортската сала на училиштето Рилиндја во Лојане, се пофалија ДУИ на Фејсбук.

При посетата на тетовско Талат Џафери кажа дека немало ништо спорно што си организиран вакви настани во улогата на технички премиер, не му била единствена задача да организира избори, туку и сите други обврски кои ги има премиерот, во случајов отворање спортски сали и градинки.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ подолго време бараше укинување на техничката Влада, меѓутоа тоа го одбија СДСМ поради договорот со ДУИ што доведе го доведе Џафери до позицијата премиер.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста