Им го загорчи животот на стотици илјади граѓани и го снема- Спасовски не чувствува потреба да излезе во јавност

Им го загорчи животот на стотици илјади граѓани и го снема- Спасовски не чувствува потреба да излезе во јавност

Откако го искомплицира животот на стотици илјади граѓани, екс министерот Спасовски избега од јаноста. Освен по некое протоколарно појавување, не почувствува потреба да излезе и да каже барем буква за бројните обвинувања што пристигнуваат директно на негова сметка.

Пасоши нема, термини исто, а нема ниту  одговори зошто не се набавиле доволно обрасци кога знаеше што не очеккува, воедно и зошто се претходно набавени обрасци со старото уставно име, иако знаел дека истите нема да се користат до крајниот рок на издавање.

Алфа го побара Спасовски, но тој не беше располежен за изјава и да одговори на сите прашања кои деновиве ги поставува јавноста и правната фела.

Треба да видам за што се обвинувањата, па потоа би можел да ви дадам одговор, сега не знам точно за што се пријавите до обвинителството, рече Оливер Спасовски – поранешен министер за внатрешни работи.

Последното официјално појавување на Спасовски му беше пред еден месец , на прес-конференција во Владата, но оттогаш го нема.

За време на мандатот граѓаните ги убедуваше дека се ќе биде во ред со личните документи и се ќе стигнело на време.

Тој процес е интензивен. Во внатрешноста на Македонија одиме при крај со замената на личните документи. Во Скопје знаете дека се отвори новиот пункт со цел да се апсорбираат што е можно повеќе барања за промена на документите. Само во пунктот имаме 40 илјади граѓани коишто дошле и оставиле барање за промена не за еден документ туку за повеќе“ изјави тоганиот министерот за внатрешни работи. (26.01.2024)

Но ништо не стигна на време, дури 650 000 граѓани имаат пасош со старото име и се затворени во Македонија и не можат ниту за здравствени причини, ниту за работни обврски, а ниту пак за приватни потреби да ја напуштат државата.

Според официјалните податоци, дури над 1 милион и 200 илјади граѓани во државава немаат валидни или воопшто пасоши. Што значи дека повеќе од половина од дравјаните на Македонија немаат шанси да преминат граница.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста