„Јас сум жена“: 352 учесници регистрирани за дводневниот Женски економски форум, на 23 и 24 март

„Јас сум жена“: 352 учесници регистрирани за дводневниот Женски економски форум, на 23 и 24 март

352 учесници се регистрирани за дводневниот (23 и 24 март) Женски економски форум, во организација на Здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, „Global Shapers Skopje Hub“ и Факултетот за Туризам и Бизнис Логистика – УГД Штип. Целта на форумот е Македонки од земјава и светот, да ги претстават и да дебатираат за предизвиците и реалните можности во сферата на малите бизниси и т.н. фриленсерство, како и штедењето и инвестирањето.

Бројот на регистрирани учесници само покажува колкав е интересот и потребата, особено кај младите, да им се помогне во остварувањето на нивните планови. Имено, меѓу регистрираните, 79 се на возраст 15-25 години, 86 се на 26-35-годишна возраст, 108 се на возраст 36-45, 74 на возраст 46-60 и 5 над 60 години. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста