Балканска игра на тронови
Европската модерна политика има задача да биде преведена благородност предлагал
Макс Вебер. Европската политичка сцена со доблесна и демократски избрана елита
според основачот на современата општествена наука е идеален наследник на
аристократијата.
Идејата на Вебер секако не е современите политичари да бидат невкусно облечена
имитација, вкочанети на прес конференции со строг протокол кој не го разбират и
погрешно трошење на даноците на граѓаните. Особено не паралелно со вистинска и
задржана аритократија во земјите чијшто индекс на квалитет на демократија е највисок
заедно со стандардот на граѓаните.
Мислел на вистинските вредности претставени на симболите од семејните грбови чесност,
храброст, лојалност, пожртвуваност, убавина. Вебер мислел на општествен превод на
човековата доверба во доблесност. Милјето на актуелните кралски дворови распослани низ светот во себе ја содржи реалната перспектива на кралските семејства кои се дел од Балканската приказна. Иако не владеат балканските династии се интегрирани со актуелните круни чија моќ не смее да се
потценува покрај тоа што вообичаено заради традиционалните облеки ги доживуваме
само како фолклорен ансамбл.
Каква е денешната положба со монархиските куќи кои најпрвин биле протерани од
Балканот заради републиканско уредување е прашање во однос на сериозните
геополитички случувања во светот и, во однос на тоа дека Македонија се најде повторно
пред предизвиците испорачани пред речиси повеќе од еден век. Во Романија живее иако не владее куќата Хоенцелерн на чело со принцезата Маргарита и принцот Раду како чувар на романската круна. Тие ги добиват правните битки за своите имоти кои им биле одземени од режимот главно инсталиран од црвената армија после Втората Светска војна. Србија исто така има кралски семејства кои живеат слободно на територијата на земјата иако државата е парламентарна република. Во однос на кралските куќи династијата Караџорџевиќ се чини комплетно ја разбира и својата позиција во светското миле на меѓународни односи и дома. Имено, додека солиден настап во односите со западот има Александар Караџорџевиќ како старешина на југословенската круна, неговиот внук Владимир може да даде интересно интервју во смисла на широкото разбирање на
еврозиските случувања. Во Србија се актуелизира и династијата Обреновиќ.
Во Бугарија во дворецот Врана живее Симеон II Сакскобургготски кој ја имал и титулата
Цар на Бугарија (1943-46). Покрај своите монархиски убедувања во периодот 2001-2005
година беше премиер на Бугарија. Круната не владее и во оваа соседна земја уредена како
република, а често семејството се соочува со отпор во однос на одземените имоти. Иако
изгледа небитна улогата на династијата Ветин на која припаѓа оваа достоинство сепак
коректните изјави во однос на горливата политика исток – запад покажуват дека и
Бугарија преку својата круна на план на геополитика и дипломатија има капацитети.
Грчката круна од минатата година ја чува Принцот Павлос кој го наследи својот татко
Константин II чија династија ја напушта Грција после референдумот во 1973 и Третата
Хеленска република во 1974 година.
Албанскиот крал Лека II Зогу според албанските монархисти е крал на Албанија. Кога се
родил во 1982 година, во Јужноафриканската република тогашниот Претседател на
државата го прогласува породилното одделение за екстериторијално со цел да се осигура
дека е роден така што нема да ја изгуби наследноста на круната.
Црна Гора ја има династијата Његош. Нејзиниот нај истакнат член и чувар е Никола
Петрович (1944) кој денеска живее во Париз како познат архитект.
Османоглу е династијата која го напушта главниот град Истанбул на 3 март 1924 година
поради прогласувањето на републиката. После сто години сликата е изменета.
Претставници на семејството остваруват одредени активности и слободно се движат на
територијата на Туркие како и во земјите каде допирал османлискиот калифат, а турските
серии кој зборуват за големината на оваа династија се доста популарни.
Паралелно со османската династија за нашиот Балкан биле заинтересирани и Хабсбурзите.
Можеби нај интересен факт поврзан со ова динстија е правнукот Фердинанд Хабсбург кој
е професионален возач на тркачки возила и објавува слики на инстаграм од секојдневен
живот без помпезност.
Пред да настапат на Балканот во спомнативе земји постоеле династии како дел од
османлискиот ансамбл но, биле поддржувани од европските куќи. Во тој ред може да
се спомнат неколку Стурза, Куза, Богориди, Станчови и други.
Фотографии објавени на социјалните мрежи од наследниците на овие грандиозни
семејства не опишуват раскош и вообичаено сведочат за хуманитарен ангажман.
Нераскинлив фактор во политиката на државите каде престојуват едните се дел од
големата меинстрим политика на западот но, некаде пак успеват да се противат на
неговите неразумни предлози. Сепак нивното враќање јасно сведочи за промените во
светот во однос на новите геополитички случувања кои асоцират на наслов како Игра на
тронови. Имајќи во предвид дека Македонија се соочува со предлози кои монархиите ги
испорачуваа пред повеќе од еден век како држава и дипломатија треба активно да го
следиме развојот на оваа приказна.
Македонската сцена
Македонија се гордее што во времињата на монархиите на Балканот била прва Република.
Македонија нема конкретен пример за вакви семејства и како општество немаме таква
категорија на граѓани. Горда е на своите револуционерни традиции.
Почетоците на нашата национална дефиниција за револуцијата се доловени во една
студија за судирот меѓу учениците на Солунската гимназија. Наводно, тие се поделени
исто како и професорите на еволуционисти и револуционери. Оние коишто биле
нотабилни, богати семејства сметале дека еволуцијата ќе победи, водени од тогашните
актуелни еволуциони теории за успех на подобриот. Инаку, тие биле етаблирани во
Софија и предводени од Гарванов. Ми се чини, улогата на денешните империјални
глобалисти може да ни ја долови таа историска позиција. Другите коишто не биле
особено богати, потекнувале од Mакедонија и го следеле револуционерното движење што
веќе имало своја организација во Солун – познатата МРО.
Ваквата поделба немала особена основа, скоро дошло до нивното здружување и
заедничка дејност и до предвремено подигање на Илинденското востание и првата голема
катастрофа на населението од Македонија во дваесетиот век .
Во соседните земји се почитуват и истражуват генеалошките бази не само на кралските
домови туку се следи животот и општествената поврзаност на семејствата на истакнати
револуционери, носители на академски титули и уметници. Во соседна Грција на
пример одредени презимиња практично се традиционални носители на политичка
провиниенција. Во соседни Србија и Бугарија за повеќето од селата може да се најдат
истражувања за потеклото на речиси секое семејно презиме.
Мора да забележиме дека кај нас не се обраќа доволно внимание на овој социјален
феномен. Не е возможно семејната припадност да игра улога само во личната историја на
болестите, во досијата на органите на безбедноста и слично. Ако доблестите може да се
учат, сепак талентите се наследуват. Кај нас освен ретки граѓански здруженија и слаби
активности на ресорните органи во собирање на факти недостига посериозен пристап
кон прашањето за генеалогијата. Како територија од која произлегле родови од светско
значење треба да се работи интензивно на ваквите истражувања.
Се стекнува впечатокдека одредена олигархија ги селектира плодовите од дрвото чии корења остануват длабоко скриени. Сум имал можност да сретнам наследници на видни луѓе во соседните земји. Некои кои ја посетуват нашата земја како претставници на аристократи или револуционери треба да се погледнат со сомнеж преку визурата на нашите домашни детално изработени бази на
податоци. Во новата игра на тронови македонското национално опстојување и обединување бара да се посвети внимание на секој поединец, да се изнајде секој кој може гласно да сведочи и
да биде дел од големата битка која допрва претстои.
Петар Трајков