БиХ ги почнува преговорите со ЕУ, патот на Македонија долг и без извесен крај

БиХ ги почнува преговорите со ЕУ, патот на Македонија долг и без извесен крај

Босна и Херцеговина ги почнува преговорите со Европската Унија. Лидерите на земјите членки на унијата на вчерашниот самит во Брисел донесоа одлука за отворање на преговорите со официјално Сараево
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на прес-конференција рече дека одлуката е „важна пресвртница“ за Босна и Херцеговина.

„Секако дека има чекори што треба да се преземат“, рече Мишел, мислејќи на подготовката на рамката за преговори.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави како што рече историската одлука за отворање на преговорите за членство со Босна коментирајќи дека Сараево за само една година забележало поголем напредок отколку за една деценија.

ДОЛГ ПАТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ, БЕЗ ИЗВЕСЕН КРАЈ

А Македонија и натаму останува во чекалната на ЕУ. Македонскиот пат кон унијата е трнлив. Земјава која е кандидат за зачленување во унијата од 2005 година, во 2009 година првпат доби препорака за почетокна преговорите. Тогаш стигнаа и низа услови, а главниот услов за да почнат беше да се најде решение за проблемот за името со Грција. Земјава потоа добиваше препораки без датум и во 2010, 2011, 2012,2013, 2014, 2015 и 2016 година. Во 2018 беше сменето уставното име на државата, но Македонија повторно не доби датум.  Истото следуваше 2019, а од 2020 година Бугарија ја блокира македонската европска иднина поради нерешени билатерални прашања, првично повзрани со историјата. И секогаш по некое од разочарувањата поради неуспехот,  се ветуваа реформи дома кои ќе ја направат државата според европските стандарди додека чека да почне преговори. Но борбата против корупцијата остана само на хартија, реформите во судството затаија, а скандалите го заземаа пиедесталот. Наместо политичките елити да се посветат на суштински реформи, се посветија на политичко влијание во речиси сите сфери. Младите се иселуваат и спас бараат во странство. Во последниот Извештај од Европската комисија, Брисел нотира дека не е е постигнат напредок во борбата против корупцијата, дека има влијанија во  судскиот систем,  изрази загриженост за измените на Кривичниот законик, а ни посочи и на злоупотребата на европското знаменце.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста