Изборна кампања проследена со серија протести и штрајкови за пристојна  живеачка

Изборна кампања проследена со серија протести и штрајкови за пристојна  живеачка

 Повисоки плати, подобар животен стандард, подобро утре –  предизборните ветувања во сенка на незадоволството на работниците. Серијата штрајккови,  протести и огромниот револт ја наметнаа дилемата дека нема доволно во државната каса за да се остварат сите ветувања кои власта  ги даваше во текот на мандатот  со очигледна цел – да купи социјален мир

 Рекорден дефицит за само три месеци, потфрла во наплатата на ДДВ и останати даноци, како и петпати поголемо трошење од собирање пари –   ова го обелодени  техничката заменик министерка за финансии,според што изгледа Владата работела од „ден на ден“ , односно се задолжуваме и плаќаме камати само за текови трошоци .Недомаќинското работење во само неколку дена ги извади на улица работниците кои очигледно ќе мора да чекаат Ребаланс за да добијат повисоки плати.

Ако можеа да вработуваат луѓе пред избори и да ги лажат, треба да обезбедат плата за сите луѓе сега, а не да одат само по градовите и да имаат лажни ветувања, рече Иван Пешевски.

Вработените во Национални шуми два месеци се без плата,а од раководството топката ја фрлија кон Владата. Доцнењето било поради намалена побарувачка на огревно дрво како последица на субвенционирањето на струја и мерките против загадувањето. Новиот закон кој ќе помогне претпријатието да е рентабилно, заглавил во собраниска процедура.

Им „прекипе“ и на приватните специјализанти, бараат поголеми плати.  Четвртти ден не работат, а единствен сигнал од Владата покрај она обвинување на министерот за здравство дека биле политички организирани е одлуката да се реши случајот со нив после изборите

Алармот од Петрова дека нема обезбедено пари во Буџетот за трајно  вработување на 1117 здравствени работници според неа се покажа како вистина кога конкурсите за вработување беа повлечени што дополнително ги револтираше работниците во здравството. На протест вчера беа и вработените во геријатрија, тие браат порамнување на пплатите и нови договори.

Очигледно цел здравствен систем е во „ лер“ .  „Здравството на протест за плата“ беше  слоганот на  медицинските работници на протестот по повод денот на здравјето  

“Имаме максимален одлив на сите профили. Крајно време е сите политички партии да си го стават прстот на чело“, рече Предраг Серафимоски – синдикат на клинички на 8.04.2024

Сликата на серија протести и штрајкови не е новост. Таква слика гледавме зачестено изминатите две години, а очигледно ни до истекот на мандатот, Владата не успеа да ги реши проблемите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста