Градот направи пустош во Преспа, од утре пријавување на штетите

Градот веќе петта година по ред  го зема данокот од овштарниците во Преспанскиот крај. Во петокот после пладне, градоносните облаци силно удрија по јаболковите насади во Горна Преспа и за дваесет минути со интензивни врнежи,  целосно или делумно  настрадаа  над 1. 500 ха. Екипата на АЛФА, денеска ги обиколи овоштарниците во Евла и Царев Двор, каде што , штетите беа најголеми.

-Силно невреме ја зафати Преспа со врнежи од град во селските атари на Евла, Болно, Горно Дупени, царев, Двор, Езерани и Грначари. За да не биде тоа доволно, облакот повторно се врати вечерта и ги зафати селата Златари и Сопотско, правејќи огромни штети. Повеќе од 2/3 во цела Преспа се зафатени од силното невреме проследено со град- рече Љ убе Пампулевски, претседател на здружението на овоштари во Преспа. -Уништени се скоро 90 а може и 100% од овошките. Ќе чекаме, ако може нешто Владата да ни помогне- рече Сашо Николовски, овоштар од  с. Евла. Скоро два ха, сто отсто поништени. Што ќе Права? Ако не ни дадат од Министерството помош, ни сме готови. Едноставно, на респиратор сме- рече Борче Анастасовски, овоштар од Ресен.

Советот на Општината, денеска одржа вонредна седница и со јавен повик ги известува овоштарите, во наредните десет дена да ги пријават штетите, за да можат општинските комисии да извршат проценки. Градоначалникот Гошаревски кој беше излезен на терен, рече дека локалната власт ќе се заложи кај институциите за да им се помогне на овоштарите.

– По мој првични проценки, 40% од територијата  во Ресен се зафатени овошните насади, а точно ќе го дефинираме со проценките на комисите кога ќе излезат на терен.— Во  овој период што следи, како градоначалник ќе ги повикам институциите, значи министерот за земјоделеи и заеднички да излеземе и да им помогнеме на земјоделците- рече ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски.

За жал, авионското растерување на градоносните облаци и овој пат се покажа недоволно ефикасно, бидејќи двата авиона со кои располага државата, не се доволни во услови на климатски промени и градоносна инвазија од облаци на повеќе места одедеднаш. Од друга страна, во отсуство на координација, од Грција облаците ги рестеруваат кај нас, а ние кај нив, па на крај, страда летнината, велат овоштарите.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста