ИГОР АНГЕЛОВСКИ ТРГНУВА СО НАЈДОБРАТА И НАЈСТАНДАРДНА ПОСТАВА ПРОТИВ АВСТРИЈА

Ние денеска на националната арена во главниот романски град ќе истрчаме во најстандардниот можен состав. Со Димитриевска на голот, со Велковски, Мусиу и Бејтулаи во халфовската линија, и со Алиовски и Стефан Ристовски кои ќе делуваат странично, а во зависност од текот на мечот ќе видиме дали понапред или подефанзивно. Во средината ќе бидат Адеми, Барди и Елмас, а во врвот на нападот Трајковски и Пандев. Оваа формација најавува дека Игор Ангеловски нема намера да се брани и ќе се обиде да даде гол односно овој тим не е за затворање, туку за игра. И Австријците одат со сите ѕвезди од типот на Алаба, Лазаро, Арнаутовиќ, Хинтерегер, Сабицер, Лајнер итн. На центарот ќе биде 36 годишниот Швеѓанец Андреас Екберг кој помош ќе има и на аут линиите, но и во ВАР собата. На стадионот се дозволени 33 насто од капацитетот, а тој е 55.600 гледачи што значи дека попладнево ќе има преку 20000 илјади навивачи. Австрија е 23-та светска селекција според најреномираното рангирање, тоа на ФИФА, а ние сме 62-ри. Македонија со Австрија играше токму во квалификациите за овој шампионат и два пати загуби: 2-1 во Виена и 4-1 во Скопје по што тие беа втори и обезбедија виза, а ние како трети моравме да минеме низ филтерот од Лигата на нациите. Се потоа е како во некој убав филм и затоа Ангеловски денеска во емотивна порака објави дека ова е бајка која ќе ја памети вечно.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста