Феникс „ита“ кон историска НБА титула

Феникс поведоа со 2-0 во големото НБА финале против Милвоки. „Сонцата“ ја сочуваа предноста на домашен терен славејќи со идентичен број на поени, како и на првата средба, 118-108. „Елените“ сега уфрлија само три поени повеќе, но недоволно за брејк. Шансата ќе ја бараат на теренот во Милвоки, и дотогаш ќе мора да најдат решение за тандемот, Девин Букер и Крис Пол, кои одново беа незадржливи и заедно искомбинираа 54 поени. Мајкл Бриџис одлично ги следеше со 27 коша. За Милвоки одпомош не беше ниту одличната партија на Јанис Антетокумпо со 42 поени и 12 скока. Феникс го урна и клупскиот плејоф рекорд со 20 постигнати тројки, а дури шестмина реализираа барем по една. Третиот финален дуел, прв во Милвоки, ќе се одигра во ноќта помеѓу недела и понеделник и тоа во 2 часот по македонско време.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста