Тензично во Комисијата за буџетот, власта не обрнува внимание на критиките за корупција на Стејт Департментот

Отри тонови и меѓусебни препукувања меѓу власта и опизицијата во комисијата за финансирање и буџет. На расправата за ребалансот на буџетот пратениците се скараа околу парите, односно кој и колку потрошил за изградба на инфраструктурата во Македонија. За власта, ребалансот на буџетот е развоен, со повеќе пари за стабилизирање на економијата, а за опозицијата е расипнички, за предизборен поткуп и корупција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сите прокети кои  сега се градат биле нивно дело, а актуелната власт немала ниту шајка заковано. Дека немало никаков развој во земјава, Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ се повикаа на последниот извештај на стејт департментот за бизнис климата за 2020. Во него се вели дека корупцијата во владините тендери и во судството, конфликтот на интереси, непотизмот во јавните тендери остануваат сериозен проблем.

  • Додека водењето бизнис е генерално лесно во Македонија, и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем. Има кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, судството и многу други сектори. Владата не обезбедува никаква посебна заштита на невладините организации вклучени во истрагата на корупцијата. Многу бизниси кои работат во Македонија, вклучително и некои американски, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството, пишува Стејт Департментот, а го цитираше пратеникот.

Од СДСМ се правдаа дека веќе почнатите проекти, како изградбата на патиштата, требало некој да ги доврши. Но за лошиот извештај за земејава не кажаа ни збор.

Марија Георгиевска од СДСМ вели дека не било точно дека немале ниту шајка заковано, за тоа зборуваат доградените патишта ширум земјава, на кои може да се возат граѓаните од Македонија. Додаде дека таа доаѓала од бизнис секторот и знаела како е да се води бизнис во времето на тогашната власт.

Со ребалансот на буџетот се планира државата да потроши дополнителни 300 милиони евра од првично планираниот буџет, со што расходната страна ќе изнесува 4,3 милијарди евра. Буџетскиот дефицит ќе се продлабочи за дополнителни 180 милиони евра и до крајот на годинава се планира да досигне 6,5% од БДП. Амандманската расправа треба да трае 10 работни дена.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста