Експерти за Алфа: Очекуван и реален извештај за Македонија, потфрливме во сите клучни критериуми на унијата

Експерти за Алфа: Очекуван и реален извештај за Македонија, потфрливме во сите клучни критериуми на унијата

Ако не го пишуваше името на државата, во извештајот на Европската Комисија за Македонија, не ќе беше јасно дека станува збор за земја кандидат за членство во унијата. Документот со серија негативни забелешки во скоро секој сегмент, ѝ зададе силен удар на власта, која пак, во својата реторика непрестајно повторува оти работи исклучиво за напредок кон Унијата и на европски реформи. И познавачите на европските критериуми и процеси се на ставот дека бриселските забелешки се реални.

  • „Имаме значително влошување на многу аспекти во текот на споследната година, почнувајки од правосудството, борбата против корупцијата, самата економска ситуација и способноста на владата да се справи со неа, така што сметам дека извештајот во голема мера ќе биде реален“ – Појаснува порнашениот државен скретар за европски прашања – Ана Крстиновска.

Марко Трошановски од Институтот за демократија пак, вели дека документот на Европската Унија ни укажува оти во Македонија се потфрла токму на клучните и најважни полиња.

  • „Во главниот кластер, на фундаменталс, значи основите, кои што прв се отвара и последен се затвора, ние ќе го преговараме цело време, ние немаме никаков напредок остварено изминатата година. Што всушност е и најголемата критика во овој извештај. Тука влегуваат борбата против корупција, владеење на право, реформата на јавната администрација, судовите и така натаму.“ – Укажува претседателот на институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Марко Трошановски.

Крстиновска нагласува дека Европската комисија, минатите години, се воздржувала од вакви сериозни критики и во извештаите се користел поблаг тон, надевајќи се дека македонската влада ќе покаже потенцијал.

  • „Оценката на европската комисија е сосема реална. Можеби во текот на претходните години таа била преставена во малку завиена форма за да не звучи негативно и да ѝ обезбеди на некој начин ветер во грб на владата, да продолжи со останатите, политички спорови со кои што сме соочени, меѓутоа, веројатно во текот на овој извештај, во текот на изминатата година, едноставно не е можно да се ублажат, да се прикријат некои недостатоци во нашата држава“ – Додаде Крстиновска.

Експертите согласни, Европската комисија не гледа напредок на Македонија и со извештајот ни порачува оти не си ја работиме домашаната задача. Па дури и да ги започнеме преговорите утре, не ќе имаме капацитет за интеграција и ќе останеме заглавени.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста