До кога јавното обвинителство ќе истражува дали има кривичнио дело за хаосот со пасошите ?

До кога јавното обвинителство ќе истражува дали има кривичнио дело за хаосот со пасошите ?

За хаосот со личните документи и патните исправи мора да има одговорност. Јавното обвинителство има формирано предмет во кој се споени три кривични пријави во врска со издавањето на личните документи, по кои се постапувало професионално, и доколку има или нема кривично дело ќе се донесе соодветна одлука, изјави јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Оваа вест не е ништо ново, односно е стара, со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна поднесе кривична пријава која обвинителството само ја припои на онаа што веќе ја подел некој граѓанин.

Коцевски во интервју за Слободен печат го повтори ставот за кој зборува неколкупати, но не кажува детали до каде е постапката, односно дали воопшто ќе има обвинение.

Во оваа фаза од постапката ниту јас, ниту друг обвинител, не би можеле да дадеме многу податоци. Се постапува професионално, се проверуваат сите докази и доколку има или нема кривично дело, верувајте дека јо ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука врз основа на доказите со кои располага, вели тој.

Дополнува дека предметот е заведен, доделен на јавен обвинител и се преземаат одредени процесни дејствија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста