Скопјани можат електронски да го проверат статусот на пасошот

Скопјани можат електронски да го проверат статусот на пасошот

Жителите на Скопје кои се фотографирале по редовна постапка веќе може да си го проверат статусот на пасошот електронски, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Опцијата засега е достапна само за граѓаните на град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне. Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста