Деркоски: За 22 дена не е возможно да се организираат избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски во изјава за Инфомакс потенцираше дека за 22 дена не е возможно да се организираат предвремени парламентарни избори.

Јас можам само да го повторам ставот на Комисијата кој го доставивме до претседателот на државата каде што јасно кажавме дека за некој 22 дена кои постојано се споменуваат низ медиумите, а никаде не ги пишува не е возможно да се организираат избори, а посебно во услови на ваквата пандемиска криза каде што гледаме дека се заостструва секој ден таа криза и каде што е јасно дека и на Комисијата ќе и треба повеќе време и ресурси за организација на тие избори, вели тој.

Покрај техничките аспекти, легалните аспекти како ажурирањето на избирачкиот список проблем е издравствениот аспект потенцираше тој. Деркоски посочува дека дека ДИК се уште нема добиено официјален здравствен протокол за денот на изборите и водењето на кампањата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста