Лекарите во Чикаго спасија жена со првото пресадување на бели дробови кај пациент со Ковид-19 во Сад
Лекарите во Чикаго ја изведоа првата позната трансплантација на бели дробови во САД кај пациент кои биле сериозно оштетени од КОВИД-19 спасувајќи млада девојка во 20-тите години од речиси сигурна смрт. Таа била ставена на респиратор штом пристигнала во болницата и останала приклучена повеќе од еден месец, но немало никакво подобрување. Се појавило големо оштетување на дробивите па затоа лекарите се решиле да го направат овој историски чекор.
„Ова е значаен развој кој може да помогне на голем број пациенти чии бели дробови имаат претрпено сериозна и непоправлива штета од КОВИД-19. Иако пресадувањето на бели дробови не е ништо ново, оштетувањата што ги прави КОВИД-19 ја прават процедурата многу посложена и подолга. Доколку не беше изведена операцијата, таа немаше да преживее. КОВИД-19 е болест каква што досега не сме виделе. Во еден момент пациентот зборува со вас и изгледа добро, а во следен, нивото на кислород почнува нагло да му паѓа и наеднаш има потреба од респиратор“, изјави Анкит Барат, шефот на хируршкиот оддел во меморијалната болница во Чикаго.