Центри за обработка на мигрантите во САД

Центри за обработка на мигрантите во САД

Минатата година, царината и граничната заштита на САД, го отвори овој објект во Ел Пасо, Тексас, за брзо процесуирање на мигрантите во притвор. Комплексот е опишан како „мекостран“ бидејќи нема ѕидови. Официјалните лица за имиграција велат дека може да собере до 2.500 луѓе.

Неговиот голем обем му овозможува да обработува мигранти од преполните центри во блиските држави, вели Ентони Скот, главен патролен агент во секторот Ел Пасо.

„Аризона го има секторот Тусон, а на самиот крај на Аризона е и секторот Јума. Јума исто така му помага на секторот Тусон со оваа иницијатива“, вели Ентони „Скот“ Гуд, главен патролен агент во секторот Ел Пасо.

Просечно по 94 мигранти дневно пристигнуваа овде од Тусон во февруари, според портпаролот на граничната заштита Клаудио Херера.

„Откако мигрантите ќе пристигнат овде, тие се обработуваат и се земаат отпечатоци од прсти… Правиме проценка и медицински скрининг на секој мигрант за да ги утврдиме нивните здравствени состојби“, вели Клаудио Херера, портпарол на центарот Ел Пасо.

Центарот има силно, деноноќно обезбедување.

Мигрантите се групирани во внимателно следени ќелии по пол и семејство додека властите не ги утврдат следните чекори за секое лице посебно.

„Секој случај е различен. Во моментов спроведуваме процес на репатријација за итно или забрзано отстранување“, додава Херера.

Скот вели дека вработените даваат се од себе за да се грижат за мигрантите под нивен надзор додека чекаат одлуки за нивните случаи.

„Ние обезбедуваме медицинска нега, храна, старатели. Дополнителниот персонал, навистина ни помага во обидот да го направиме ова место во безбедна, здрава и чиста животна средина“, вели Скот.

Објектот вклучува посебна грижа за децата, телефонски пристап за мигрантите да можат да контактираат со семејството или правен совет и област за рекреација.

Сепак, Херера ги предупредува мигрантите дека нивното патување во САД може да има висока цена.

„Немојте да се залажувате со тврдењата на криминалните организации. Тие наплаќаат многу пари за да ве донесат овде, и преку репатријација повторно да се вратите назад во вашата земја со последици“, вели Херера.

Од царината и граничната заштита на САД велат дека ќе отворат и други објекти како овој доколку има потреба. 

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста