Стотици убиени во терористички напад во Москва, вонредна состојба во руската престолнина

Стотици убиени во терористички напад во Москва, вонредна состојба во руската престолнина

Хаос, паника, страв и плач…. жителите на Mосква се обидуваат да застанат нанозе по крвавиот терористички напад врз концертната сала “Крокус сити хол” каде животот го загубија стотици луѓе меѓу нив има и деца. Црниот биланс станува сѐ пострашен од час во час. Повредени се повеќе од 150 луѓе, од кои голем број се борат за живот. Очевидци и повредени, едвај можат да изговорат по некоја реченица за вчерашниот ужас.

„Луѓето во салата легнаа на подот за да се спасат од пукањето, така лежеа 20 минути, а потоа извлекоа. Многумина успеаја да излезат“,

Страшно беше, се …јас сум многу повредена, велат очевидци.

Терористите влегле од страничните влезови и веднаш отвориле оган врз публиката која го чекала концертот на групата „Пикник“.По крвавиот напад, подметнале пожар и заминале со истиот автомобил со кој дошле. Пламените јазици ја пеплосаа салата.

Сè уште не е јасно како напаѓачите, облечени во маскирни униформи и тешко вооружени, успеале да влезат во концертната сала…

Според информации на руските власти, уапсени  се единаесет лица. меѓу нив има и четворица, осомничени дека се директно вклучени во нападот за кој одговорноста ја презеде исламска држава, но автентичноста на снимката сè уште не е потврдена…. според извори од руската федерална служаба за безбедност  четворицата осомничени за нападот се движеле кон границата на Русија со Украина, кога биле уапсени рано утрината, и наводно имале контакти на украинска страна. Советникот на украинскиот претседател Михаило Подолјак кажа синоќа дека Киев нема никаква врска со нападот.Еден од осомничените по апсењето признал дека учествувал во терористичкиот напад на концертната сала Крокус во Москва….

Осомничениот, кој цело време трепери, наведува дека од Турција допатувал на 4 март и дека имал наредба да ги убие сите присутни во концертната сала и дека за тоа му била ветена награда од половина милион рубљи или околу 50.000 евра.

Овој граѓанин на Таџикистан, кој беше уапсен по полициската потера тврди дека со него контактирале пред еден месец преку Телеграм и дека му било дадено оружје.

Граѓаните на Русија тагуваат за жртвите од злосторството кое предизвика и шок во меѓународната заедница. Додека спасувачите интензивно ги чешлаат урнатините на Крокус, луѓето во Москва чекаат во редици за да даруваат крв за жртвите од нападот.

ЕУ и ОН го осудија терористичкиот напад. Сочувство до Русија упатија и властите од САД и Франција, но и од најмалку 50 држави низ светот.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста