Во Фокус: Од „Нема правда, нема мир“ СДСМ го доведе правосудството до дното

Во Фокус: Од „Нема правда, нема мир“ СДСМ го доведе правосудството до дното

„Нема правда, нема мир“

Добро познат слоган кој требаше да донесе правда во Македонија. Но, од правдата на која се надеваа дел од учесниците на Шарената револуција денес имаме доверба близу нула во судството и обвинителството. 

Надежта за правда која ја форсираше владејачката СДСМ, заврши неславно кога згасна и СЈО.  Катица Јанева која за многумина беше херој, заврши со седумгодишна казна затвор, поради злоупотреба на својата позиција, а поради истата причина од пред една недела е на црната листа на САД.

Од Специјалното јавно обвинителство остана само зградата, но тоа не беше пречка за тогашниот лидер СДСМ, Зоран Заев да се расфрла со изјави дека неговата партија ја донела правдата во Македонија. Па го искористи носењето на Законот за јавно обвинителство.

-Почитувани граѓани, Успеавме. Ставиваме уште еден темел на неселктивна правда. Правда и борба против криминалот и корупцијата. За тоа се боревме. Презедовме чекори кон силна и правна држава, доаѓа правда, кажа Заев

И Обвинителката која ја смести Јанева во затвор, Вилма Русковска ја снајде слична судбина по судирот во кој влезе со државниот обвнител Љумобир Јовески. Тој ја суспендираше екс-шефицата на „Организиран криминал“ бидејќи незаконски ја претресувале финансиската полиција со која раководеше Арафат Муареми.

„Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска, туку за суспензија на правото и суспендирање на правдата“, рече Русковска на 19.08.2022.

Печат на професионалната кариера на Русковска се стави со нејзиното испраќање во предвремена пензија со едногласна одлука на советот на јавни обвинители.

А и таму беше драматично, исто како и во Судскиот совет. Семејните стебла се раширија по обвинителството и судовите, критиките од стретешките патнери не само што не допреа до нив, туку си продолжија ПО старо. Иста беше реакцијата и на анкетите кои покажаа минимална доверба во највисоките правосудни органи:

Се доведува во прашање интегритетот на судиите. Тие анонимно пријавуваат аномалии, а од друга страна да не ги истакнат ваквите аномалии, сами на себе си препишуваат дека немаат доволно храброст, рече на 15.06.2023 Сашко Георгиев

Прашањето е дали резултатите би биле исти доколку се спроведе кај сите обвинители. По половина не можеме да знаеме дали е само тој дел незадоволните, кажа Антонио Јолевски, Поранешен претседател на Советот на ЈО

Не така далечно минато е поставувањето на Ислам Абази за шеф на Организиран криминал за чие назначување реагираше дури и меѓународната заедница. Од таму, куп критики беа упатени кон Судскиот совет кој не го погодија зборовите за незаконско постаПување. Од НАЗНАЧУВАЊЕТО на Весна Дамева, којa се поврзурваше со правната комисија на СДСМ, па се до нејзиното разрeшување, и повторно враќање на претседателската функција.

  • „Многу сте нервозни, колеги, забележувам, очигледно Весна Дамева треба да се разреши, но Дамева не е проблемот“, рече Дамева.

Се чуваа предмети во фиоки, не се постапуваше навремено.. и наместо да учиме од старите лекции, скандали во изминативе години не престанаа да ја тресат судската власт. Аларм дека Македонија тоне во корупција вклучија речиси сите амбасадори и претставници на ЕУ. Укори и тимови за спасување на судството стигна И од Соединетите Американски држави, но ниту тоа не допре до надлежните…. најмалку до човекот кој под слоганот нема правда нема мир со месеци вадеше луѓе по улиците…

  • “Го отворив судството како пупка. Нема монтирани процеси и нарачани пресуди”, рече Заев на тв соочување со Мицкоски.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста