Цените во маркетите неконтролирано растат, поскапи производи и на пазарите

Цените во маркетите неконтролирано растат, поскапи производи и на пазарите

Македонски примања за Европски цени. Поскапувања дури и до 10% кај кашкавалот, сирењето, млекото и месните производи. Повисоки цени има и кај дел од тестените откако престана да важи мерката „загарантирани цени“, дизајнирана во обид да се заузда инфлацијата. Граѓаните во грч. Велат, ќе мора да почнеме да штедиме и на храна. Особено погодени се пензионерите, кои најголем дел од примањата ги трошат на неопходни лекарства, па малку им останува за да си обезбедат разнолика исхрана.

Од пазарниот инспекторат, како да не биле по продавниците и пазарите. Во одговор за Алфа ТВ велат дека при надзорот врз големите ланци на маркети, забележале незначителни промени на цените за продуктите кои беа опфатени со одлуките за „замрзнување“. Дел од цените останале исти, а кај дел имало само мало покачување.

Оттаму потсетуваат дека без оваа алатка при рака, во пазарана економија, не можат да влијаат врз цените и понудата.

  • „Пазарниот инспекторат не може да влијае врз формирање на пазарната цена, но и понатаму сме на терен, каде ќе ги следиме состојбите, и доколку е потребно ќе дејствуваме согласно нашите надлежности.“ – Одговорија од државниот пазарен инспекторат

Од инспекторатот додаваат и дека од петокот, кога престана да важи оваа мерка, досега, бројот на поплаки од до инспекторатот страна на граѓаните не е зголемен.

Надлежните порачаа дека мерката гарантирана цена нема да се продолжи. Тие ќе решаваат идни ценовни шокови со законот за нефер трговски практики, кој пак се уште е во собраниска процедура.

Во меѓувреме, покрај продавниците и зелените пазари го поскапеа овошјето и зелечнукот. Пазарџиите вината ја префрлаат кај добавувачите, за кои велат дека ги правдаат новите цени поради зголемен трошоци за транспорт, односно поскапо гориво. Трговците на пазарите се жалат и на намалена побарувачка. Велат дека често работат и без профит, бидејќи нивните производи имаат краток рок на траење, па мора да ги продадат и по набавни цени.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста