Даштевски: Да се донесе одредба во Изборниот законик со што ќе може да се гласа со старите важечки документи

Даштевски: Да се донесе одредба во Изборниот законик со што ќе може да се гласа со старите важечки документи

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски порача дека од Собранието зависи дали ќе се усвои предлогот на Комисијата да се внесе преодна одредба со која ќе се овозможи на овие избори да се гласа и со старите важечки документи.

“Како ДИК до Собранието дадовме еден предлог до Собранието – во Изборниот законик да се направи измена во која ќе има преодна одредба само за овие избори, да важат и старите важечки документи за да можат да гласаат сите граѓани. Дали тоа ќе се усвои или не, зависи од Собранието” – истакна Даштевски.

Што се однесува до лицата кои навршуваат 18 години, Даштевски рече дека тие ќе можат да се пријават за да бидат внесени во Избирачкиот список.

За полнолетните е изнајдено решение и точно се знае според закон до кога ќе можат да се запишуваат. Тоа што е во законот, тоа е – рече тој.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста