Ковачевски оставен да „виси“ пред врата на журка на европските социјалисти во Рим

Ковачевски оставен да „виси“ пред врата на журка на европските социјалисти во Рим

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски доживеал непријатно понижување за време на конгресот на европските социјалисти во Рим. Екс-премиерот останал да виси пред врата и не успеал да влезе на вечерата со елитата на европските социјалсти што се одржувала во екслузивниот „Роофтоп“ ресторан на еден од историските ридови во Рим. Реномираниот политички портал „Политико“ објавува дури и цитат од Ковачевски, кој бил разочаран што не можел да се пробие низ метежот во преполната сала на приемот што го организирале италијанските социјалисти.

„Јас кога канам луѓе ги канам да влезат, а не да останат на улица”, рекол наводно Ковачевски по инцидентот.

Засега останува нејасно дали на крај екс-премиерот сепак успеал да се пробие и да влезе на приемот. Од она што може да се забележи од официјланите фотографиите на светската фотографска агенција „ЕПА“, која ги објави таканаречените „фемили фото„, Ковачевски го нема. Сепак на овие фотографии може да се забележи присуството на Радмила Шеќеринска, која во моментов нема никаква функција во СДСМ, но е потпретседателка на Партијата на европските социјалисти.

Од матичната партија на ковачевски, СДСМ добивме само краток демант.

– Такво нешто нема, рече Каевски.

изјави за алфа портпаролот на СДСМ без да навлегува во детали дали воопшто се случил ваков инцидент, дали Ковачевски на крајот влегол и слично. Според медиумиските извештаи и соопштенија на СДСМ, сепак бил дел од официјланиот настан, а дури имал и свое обраќање на  работната сесија ан Социјалистирте опоид наслов „Решенија за подобар квалитет на живот“.

– Денеска учествував на Изборниот конгрес на ПЕС, насловен како ‘Европа што ја сакаме, социјална, демократска и одржлива’, на којшто беше усвоен Манифестот на Партијата на европски социјалисти за претстојните избори и како заеднички кандидат на партијата кој ќе го води европското социјалистичко семејство на европските избори во 2024 година се избра еврокомесарот за работни места и социјални права, Николас Шмит – изјави Ковачевски.

Изборниот конгрес инаку се одржа на втори март во Рим.  Во рамки на конгресот Ковачевкси имал средби со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, со шпанскиот премиер Педро Санчез, како и со германскиот канцелар Олаф Шолц, а се сретнал и со македонската дијаспора.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста