Божиновски: Алијанса на Албанците уште калкулира дали да остане во Влада, вагаат што повеќе им се исплати

Божиновски: Алијанса на Албанците уште калкулира дали да остане во Влада, вагаат што повеќе им се исплати

Ниту им помина законот за aмнестија, ниту пак идејата за нов клинички центар, не добија ни којзнае колку директорски места, а и се чини секој нивен предлог е одбиен од владата на Ковачевски и Ахмети. Зошто Таравари се’уште во политичкиот брак на Илинденска, кога не го добија ниту она за што влегоа во владата, а тоа се уставните измени.

Според дел од аналитичарите, причината за менувањето на изјавите на првиот човек на Алијанса, како и зошто уште се дел од владината игранка, се калкулациите со кое сценарио највеќе ќе добијат.

Универзитетскиот професор, Владимир Божиновски за Алфа вели дека покрај калкулациите, во игра се и партиските несогласувања кои можеби и веќе се надминати, па на централните претседателство ќе се пеглаат разликите и ќе се донесе конечна одлука, дали остануваат на иста маса во Ковачевски и Ахмети.

Алијанса во принцип се’уште калкулира. Нивната главна причина зошто влегоа во Влада беше, барем официјално, дека на тој начин ќе може да помогнат фа се протуркаат измените во Уставот. Од кога е јасно дека тоа нема да се случи се губи главната причина зошто Алијанса би останала во влада. Од друга страна мислам едка сепак самите партиски структури право треба да одлучат дали ќе останат или не. Верувам дека до нова година тоа ќе ни биде познато, вели Владимир Божиновски – универзитетски професор / аналитичар.

Според Божнивски доколку останат во Влада, тогаш најверојатно ќе одат со варијантата да одат на заеднички листи со ДУИ, тоа што го бараше ДУИ од нив, а доколку излезат од Влада ќе одат и со сопствени листи, вели тој.

Од она што беше како последни изјави на Таравари мислам дека вторава варијанта е поверојатна, односно дека можеме да очекуваме до нова година да ја напушти владата и да одат сами на избори затоа што на тој начин им се зголемуваат шансите да бидат коалционен партнер на идната влада, а второ нивниот глас ќе биде многу повеќе во таа некоја идна коалција, отколку ако одат во предизборна коалиција со ДУИ, вели Божиновски.

Улогата на партијата на Таравари, може да биде можеби и пресудна за, барем како што покажуваат анкетите, поразот на СДСМ и ДУИ не биде со огромна разлика. Останувањето на Таравари во Владата е спас за Ковачевски и Ахмети, оти без Алијанса, владата ќе нема ни просто мнозинство. Но дури и Таравари да одлучи да остане со нив, според бројките, сепак најголема шанса за состанување на новата влада имаат ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста