Протест на здравствените работници – се бараат поголеми плати и подобри услови

Протест на здравствените работници – се бараат поголеми плати и подобри услови

Во пандемијата беа херои, а сега жалат дека се оставени на цедило. Кулминира револтот на здравствените работници кои бараат достоинствени услови за работа, а власта ги игнорира. По трет пат за еден емсец излегоа на протест со барање за  зголемување на платите за 30%, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, зголемување на инфективниот додаток од 1 на 4% и трансформација на определено работно време со неопределено. Револтот е голем, а пруитисокот велат нема да попуштат.

“Итно да се направи трансформација на сите времени вработувања кои ги има во сите здравствени институции на Здравствен дом Скопје и Клинички центар,  низ цела територија, со цел да ги задржиме тие млади луѓе, бидејќи работат за плата , може да се нарече социјална помош од 20.000 денари”, изјави Боби Бојчевски, национален координатор за здравство на КСОМ.

Колку е обезвреднет трудот на здравствениот работник покажуваат бројките. Платите и придонесите кои ги примаат добар дел од нив се мизерни:

Работиме без здравствено осигурување , фактички со 20.000 денари плата ако не платиме здравствено осигурување ние немаме. 1800 денари е здравствено значи ние зимаме 18.200 основна плата. немаме право на одмор, немаме право на боледување, немаме никакво право, изјави медицинската сестра Билјана Џонова.

Доколку, власта не најде решение за барањата на здравствените работници, тие најавија радикализација на протестите, со што ќе протестираат и пред Влада.

Министерот Меџити минатата недела им одговори дека за трето покачување годинава немало пари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста