На шест месеци пред избори власта најавува засилена борба со корупцијата

На шест месеци пред избори власта најавува засилена борба со корупцијата

За непосакуваните во странство, нема државна функција дома. Црните листи на САД и на ЕУ ќе станат пречка да се седне во институционална фотелја. Владата со најава дека законски ќе забрани политичарите со санкции да може да бидат поставувани на важни државни функции.. Доколку таквиот закон стане реалност, прв ќе мора да го примени струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, бидејќи според тврдењата на вицепремиерката Славица Грковска, новото законско решение ќе важи и за тие што веќе им тече мандатот.

Криминалците во Македонија се жилави за да го изиграат законот, а граѓаните губат доверба во институциите бидејќи правда нема подеднакво за сите, вицепремиерката за добро владеење, најавува и нови правни решенија и за криминално стекнатиот имот во граѓанска постапка.

  • „Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри кога станува збор за избегнување на одговорност и зачувување на криминално стекнатиот имот. Ние сме мала земја, со многу јавни тајни, а многу малку разрешници. И тоа придонесува за уште поголемо чувство на немоќ на обичниот граѓанин, но и драстично ги изместува клучните вредности во заедницата“, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на јавната расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. 

На шест месеци пред избори и по очајниот извештај за Македонија на Европската комисија, Грковска најавува многу законски решенија и засега се останува само на најавување, но што е сработи до сега кабинетот за политики за добро владеење?

Опомени, префрлање надлежноста, изјави за јавноста но не и мерки за недоличното и неморално однесување на вршителите на јавни функции. Државното стана партиско, народните пари се арчеа како да се капитал на министрите и директорите, но за никој немаше казна за стореното.  

  • „Врз основа на документација што ја добивме од ДКСК, ние изрековме опомени“, рече Грковска.
  • „Изрековме опомена“ повтори Грковска во друга изјава.
  • „Ние како кабинет за жал не сме истражен орган, и тука не би можеле да имаме надлежност“ рече Грковска пред два дена.

Скромните надлежности не ретко беа оправдување за вицепремиерката Грковска. Последен во низата е случајот со државната лотарија, каде самоволието е до плафон, а големи се и сомнежите за криминал и корупција.

Пред само неколку денови, Антикорупциска побара и разрешување на првиот градежен инспектор Фатмир Арифи, кој освен што не пријавил имот, истиот го стекнал како негализиран. Илинденска не го разреши, а нема ниту одговорност за Арифи.

Претходно, опомени имаше и за министрите од Интегративците кои иако добија опомена од Грковска, продолжија со старите навики за злоупотребите на државните ресурси – со службените коли да се развозуваат по партиски настани, а играше фудбал и кошарка во министерските канцеларии направени од државни пари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста