Астрономски суми за потрошена електрична енергија – Среде зима дел од граѓаните добија топлотен удар

Астрономски суми за потрошена електрична енергија – Среде зима дел од граѓаните добија топлотен удар

Среде зима дел од граѓаните добија топлотен удар . Астрономски суми за потрошена електрична енергија стигнале во некои поштенски сандачиња, дури и петкратно повисоки од она што го плаќале претходно.

Речиси 2.500 евра сметка за струја добило семејство кое живее во Скопје и се грее на струја, каде трошоците обично биле 500-тини евра.

Тие се жалат дека нивниот струјмер не бил читан со месеци, па одеднаш им ја пресметале целата потрошувачка со што автоматски ги ставиле во четвртиот најскап блок, и тоа по нова цена која важи од 1 јануари.

Сега се чудам како да се плати сметкава со 500 евра плата. Значи у наредни 6 месеци платата ќе оди за ЕВН. Ама па тоа не е проблем, 6 месеци нема да јадеме ништо, нема да купуваме ништо, едноставно нема да живееме, или просто кажано, ќе си умреме, зашто оваа Влада масовно нѐ убива со нејзините штетни и погубни политики. А за тие што не знаат, третиот и четвртиот блок нѝ го пресметуват по цена повисока од индустриската, иако се работи за потрошувачка во домаќинство, раскажува жителка на Скопје.

Ова не е единствен случај. Граѓаните ги споделуваат маките на социјалните мрежи барајќи одговори што се случува, зошто им се наплаќа енормно поскапо. Се уште сите не ги добиле јануарските фактури, но оние кај кој заѕвонил поштарот велат дека сметките се значително повисоки

Алфа праша во ЕВН што се случува со новите сметки за струја, особено кај оние каде има порамнувања, од таму велат оти потрошувачката на сметката била поделена дел по старата, а дел по новата цена. Посочија, оние кои имале забелешки да поднеселе приговор.

За потрошувачката до 31.12.2023 се применува претходната цена, а за потрошувачката од 01.01.2024 се применува новата цена за електрична енергија. Сите корисници кои сметаат дека имаат добиено фактура со претпоставени вредности може да се обратат со барање за корекција до службите на ЕВН Македонија, велат од ЕВН.

Прашавме и во регулаторна . Од таму велат , сите потрошувачи кои се сомневаат во отстапување да поднесат претставка до нив

Секој потрошувач кој се сомнева дека има отстапување во сметка за електрична енергија во однос на она што е фактурирано со она што е потрошено може да достави претставка до РКЕ при што ќе биде проверена фактичката состојба, велат од Регулаторна

Инаку, новата цена на струјата  повторно ги поскапе третиот и четвртиот блок , а многу од домаќинствата кои се греат на струја преминуваат во зимскиот период во овие два блока кои се и најскапи. Според последните податоци на „ Евростат“ , македонските домаќинства плаќаат најскапа струја во регионот, или 100 киловати чинат 10,5 евра. Во Албанија чинат 10,1 евро, а најевтино поминуваат во Косово каде плаќаат 0,6 евра за 100 киловати. Србите и Црногорците плаќаат 0,96, а Босанците 0,87 евра за 100 киловати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста