Дали најопасните професии ќе добијат достоинствен статус?

            Осуммина битолски волонтери за спасување од високи објекти и планини, вчера на повеќеспратна кула на периферијата од Битола, спасуваа и евакуираа повредно лице во мошне ризична операција. За среќа, ова беше само показна вежба за неколку тимови од Дирекцијата за заштита и спасување. Битолските спасувачи, пред неколку месеци учествуваа во спасувањето и евакуација на населението во Албанија по катастрофалниот земјотрес. Сега, првите луѓе од Дирекцијата велат дека овие тимови најпрвин ќе се доекипираат, а потоа ќе се бараат модалитети за нивни соодветен статус.

            Но, што е со пиротехничарите, кои имаат најниски плати, немаат осигурување и соодветна заштитна опрема? Тие пред нецели два двамесеца во Битола имаа мошне опасна акција, кога под Тумбе кафе отстранија  12, 5 илјади неексплодирани гранати од 55 мм или осумдесет тони и ги уништија на Криволак. АЛФА- ТВ и другите медиуми овој проблем жестоко го отворија, бидејќи Министерството за одбрана и другите чинители беа во длабока хибернација. Сега, на големо се спрема ново законско решение.

  • Ќе знчи и бенифициран стаж и зголемување на платите, зашто досега тие беа најниско исплатени луѓе во Државата според професијата итн. Осигурувањето од ризици, годинава даваме посебни насоки, да се зголеми на повисоко ниво, с`е со цел, нивните животи да бидат осигурани така како што доликува на професијата што ја имаат- рече Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Дека инертниот однос кон спасувачите е навика, сам за себе говори фактот, како што велат, дека по спасувачката акција во Албанија, експонентите на локалната власт воопшто не ги удостоиле ниту со обичен прием.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста