Дали најопасните професии ќе добијат достоинствен статус?
Осуммина битолски волонтери за спасување од високи објекти и планини, вчера на повеќеспратна кула на периферијата од Битола, спасуваа и евакуираа повредно лице во мошне ризична операција. За среќа, ова беше само показна вежба за неколку тимови од Дирекцијата за заштита и спасување. Битолските спасувачи, пред неколку месеци учествуваа во спасувањето и евакуација на населението во Албанија по катастрофалниот земјотрес. Сега, првите луѓе од Дирекцијата велат дека овие тимови најпрвин ќе се доекипираат, а потоа ќе се бараат модалитети за нивни соодветен статус.
Но, што е со пиротехничарите, кои имаат најниски плати, немаат осигурување и соодветна заштитна опрема? Тие пред нецели два двамесеца во Битола имаа мошне опасна акција, кога под Тумбе кафе отстранија 12, 5 илјади неексплодирани гранати од 55 мм или осумдесет тони и ги уништија на Криволак. АЛФА- ТВ и другите медиуми овој проблем жестоко го отворија, бидејќи Министерството за одбрана и другите чинители беа во длабока хибернација. Сега, на големо се спрема ново законско решение.
- Ќе знчи и бенифициран стаж и зголемување на платите, зашто досега тие беа најниско исплатени луѓе во Државата според професијата итн. Осигурувањето од ризици, годинава даваме посебни насоки, да се зголеми на повисоко ниво, с`е со цел, нивните животи да бидат осигурани така како што доликува на професијата што ја имаат- рече Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Дека инертниот однос кон спасувачите е навика, сам за себе говори фактот, како што велат, дека по спасувачката акција во Албанија, експонентите на локалната власт воопшто не ги удостоиле ниту со обичен прием.
Петар Стефановски