Добрососедските односи остануваат клучни за преговори со ЕУ

Добрососедските односи и договорот со Бугарија според Брисел и натаму остануваат меѓу приоритетите за Македонија. Европратеникот и известувач за нашата држава Илхан Ќучук информира дека комисијата за надворешни работи на европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Македонија и Албанија. За Македонија имало 280 предлози, а според известувачот е изнајдена компромисна формулација.

“Добрососедските односи се важен дел од спроведувањето на договорот. Договорот мора да биде исполнет, довербата мора да се врати. Но, од друга страна, процесот на интеграција на Македонија е исклучително важен и за регионалната соработка и за целиот интерес на Европската унија. Затоа повикот на Европскиот парламент е првата меѓувладина конференција да започне што е можно побрзо за да не се попречува интеграцијата на земјите од Западен Балкан“, се вели во извештајот за Македонија.

Сепак во изјава за МИА Ќучук појаснува дека добрососедските односи ќе бидат клучни во преговарачкиот процес, но нема да бидат дел од преговарачката рамка. Иако Бугарија во Ноември не ја поддржа преговарачката рамка за Македонија со барање во неа да има три услови. Придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година потврдена со Договорот од 2017, патоказ за спроведување на договорот и јасен текст со кој нема да се поддржуваат претензии за македонско малцинство во Бугарија. Ваквите ставови бе апоткрепа на позициите во дипломатските кругови дека источниот сосед ќе инсистира на нов договор или на анекс на постоечкиот договор за пријателство и добрососедство.

Според известувачот важно е Скопје и Софија да ја вратат довербата од 2017 која се изгубила. Историските прашања истакнува, треба да ги разгледуваат историчарите.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста