Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија

Законот за јазици за кој Венецијанската комисија даде мислење да се преиспита, за Заев бил авангарден, но сепак ќе го ревидирале. Премиерот вели дека ќе ја испочитувале комисијата, која во своето мислење предлагаа да се напушти двојазичноста во судските просеци, како и обврската да се употребува албанскиот јазик во внатрешна и меѓуинституционална комуникација кај администрацијата.
Иако законот речиси една година е во употреба, дури сега повторно ќе се отвора за евентуални измени.

Намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија која е добар репер за сите законски решенија од областа на правото и е прецизна за правосудството. Добро е што се поминува границата на европската употреба на јазиците, но сепак, нарушувате одредено право, а тоа е правото на еднаква, навремена правда и неспречување на правдата. Тоа е врвно човеково право и се однесува, буквално на сите…..Значи ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Веницијанската комисија го кажува и потоа ќе се пушти во Парламентот за негово донесување, рече премиерот Заев.

За разлика од премиерот Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вели дека комисијата го одобрила законот.

-Венецијанската комисија штотуку го одобри извештајот за Законот за Јазици. Во кратки црти:
– Комисијата нема мандат за оцена на уставноста, тоа е прашање на земјата;
– Комисијата ја поздравува пошироката употреба на албанскиот јазик;
– Комисијата смета дека употребата на двојазичноста во банкнотите и униформите на војската е пракса во неколку земји и не е во спротивност со меѓународните норми;, пишува Османи.

Опозицијата пак децидна, велат Венецијанската комисија го потврди она за што ВМРО-ДПМНЕ, предупредуваше.

Овој извештај од Венецијанската комисија го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го кажуваше, а тоа е дека вакво законско решение го оптоварува општеството го оптоварува движењето на документи особено во судскиот дел и да биде уште појасно го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ е за употреба на јазиците но тоа да биде согласно законските норми и она што треба да биде олеснување во комуникацијата низ институциите, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Венецијанската комисија во мислењето, ги повика властите на Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Венецијанската комисија, додека ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците, таа оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостаток на превод и толкување во текот на постапката.

Дали законот за јазиците ќе го растури политичкиот брак на СДСМ и ДУИ и тоа токму во пресрет на парламентарните избори не се знае. Но се знае цврстиот став на ДУИ дека законот за јазици мора да остане во употреба.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста