Венецијанската комисија и официјaлно побара да се преиспита законот за јазиците

Венецијанската комисија денеска и официјално побара од Владата да го преиспита законот за употребата на јазиците во консултации со сите инволвирани страни.

Во соопштението оттаму се вели дека за разлика од законт од 2008 година, новиот значително ја проширува употребата на албанскиот јазик, што оди преку европските стандарди.

Иако го поздравуваат проширувањето на употребата на јазикот, посочуваат дека се оди премногу далеку и се бара нерелна обврска од страна на институциите, особено во судските процеси, под закана за тешки казни ако не се почитува, па дури и паѓање на пресуди.

Тоа според комисијата, може да го уложни функционирањето на целиот систем. Комисијата исто така смета дека законот е нејасен во однос на употребата на албанскиот со другите малцински закони.

Тие предлагаат да се напушти двојазичноста во судските просеци, како и обврската да се употребува албанскиот јазик во внатрешна и меѓуинституционална коминикација кај администрацијата. Сметаат дека казните не треба да се воведуваат се додека не се смени законот, а потоа и да се намалат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста