77 годишна жена загина, а нејзината сестра е повредена во пожар во охридското село Требеништа

77 годишна жена загина, а нејзината сестра е повредена во пожар во охридското село Требеништа

Во пожар кој избувна изутрината во охридското село Требеништа, животот го загуби 77  годишна жена, а со изгореници се здобила нејзината сестра која е префрлена во охридската општа болница.Во моментот на пожарот во куќата имало три лица кои последниве неколку години живееле заедно.Еден од нив е Богоја –се’ се случи ненадејно,одеднаш, никој не би помислил дека за толку кратко време може да вивне во воздух целата куќа, вели тој.

  • “Со принската боца направивме да  се напиеме нешто колку да се затоплиме, арно ама боцата пљусна и сета куќа се запали.Случајно избегавме јас и Божана, Билјана остана внатре запалена .Бог да ја прости”-вели Богоја Тодороски

Соседите кои не сакаа да зборуваат пред камера, велат дека двете сестри и Богоја кој е поранешен сопруг на повредената, живееле повлечено и не биле комуникативни.Никој не знае што  се случувало и каков живот имале тројцата меѓу четирите ѕида.

Се уште тлее тука зад мене од трошната куќа која утринава изгоре до темел а во која животот го загуби 77 годишна жена,која била непокретна. Таа во пожарот се здобила со изгореници кои биле фатални.

Пожарникарите повик за пожар примиле во 8 часот и 20 минути и веднаш се упатиле на лице место со 5 пожарникари,но објектот веќе пламтел и веднаш почнале да го гаснат.

  • При тоа се извечени маж и жена од објектот,а подоцна е затекнато починато лице во самиот објект.Извлечените лица се со поблаги изгореници,од помал степен и некои повреди, а починатото лице од првичниот наш увид на лице место веќе беше во некоја  трета, четврта, фаза на изгореници”-вели Борко Јанкулоски,конадир наТППЕ Охрид

Причината за пожарот се уште не се знае и допрва ќе се утврдува информира командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста