Цубалевски за Алфа: Македонија да го искористи моментот со странските концерни кои ја напуштаат Украина и Русија

Војната во Укрина ја затвори најголемата фабрика која во Европа ја има германската компанија “ОДВ Електрик’’ со 1.700 вработени и над 20 години работно искуство. Фирмата се обидува да го задржи здравото јадро таму и во моментов не се планира повлекување на работна сила, туку една третина од производните линии се префрлаат надвор од земјата во Полска, Унгарија,Германија и Македонија.


-Во моментов е договорено во Македонија да се префрлат 300 работни места,не станува збор за вработени лица, туку за линиите и процесите од Украина да се префрлат овде-вели првиот човек на ‘’ОДВ Електрик’’ во Македонија, Огнен Цубалевски.Тој кажа дека од вчера,веќе почнале со произвотство на првата линија која 3 недели од почетокот на војната беше донесена овде и инсталирана.Се работи за менаџмент со автомобилски батерии,а конечниот клиент е БМВ од Германија. Планирани се уште две линии кои треба да се стават во фунција и уште 3 други кои допрва треба да се префрлат.


Ова го отвора прашањето дали компанијата во Македонија има доволно работна сила за да одговори на предизвикот?
“Ние сеуште не забележуваме недостаток на работна сила во регионот, цела Македонија има недостаток на квалификувана работна сила.Има потполно недостаток на инжинерски кадар,или тој инжинерски кадар што е расположив нема квалификација што одговара на дипломата што ја поседуваат, додека едноставна работна сила бидејќи ние не бараме никакво посебно образование, никакво посебно искуство,ние сме во состојба таа работна сила самите да ја обучиме и во рок од 2,3 недели веќе да биде ефикасна.Дека ќе биде тешко, ќе биде”-вели Цубалевски.
Има повеќе автомобилски компании од Швајцарија кои имаат свои погони во Белорусија и се обидуваат да најдат локации за да го префрлат производството,вели Цубалевски,така што геополитички и економски, војната во Украина и целата ситуација,ќе го преврти светот на глава.


“Компаниите што имаат фабрики во земји со ниска работна сила веќе нема да инвестираат во глобални центри.Очекувам за Македонија, краткорочно гледано ова да биде многу голема шанса да се привлечат многу други компании со сите последици кои ќе значат по државава.Значи нови инвестиции, ќе има потреба од нова работна сила, платите веројатно неминовно ќе се покачат, кога и за колку не може никој да каже, тоа е пазарен механизам”-додава Цубалевски.


На прашањето дали војната во Укриана се одрази негативно врз автомобилската индустрија,Цубалевски вели,не е проблем само Украина,поради санкциите кон Русија и Белорисија, сите добавувачи од Русија Белорусија и Украина веќе не се во состојба да учествуваат во светскиот ланец на додадена вредност.Некогаш руските компании веројатно ќе се прилагодат кон Кина, Индија,или Бразил, кон земји кои не воспоставија санкции кон Русија, но тој процес ќе биде долг и болен и прашање е колку ќе може квалитативно да се реши-вели Цубалевски.


-“Русија како пазар повеќе не постои,144 милиони, втор пазар во Европа после германскиот, германските фирми престанаа да продаваат возила таму, американските не биле никогаш конкурентни, јапонските и кореаnските мислам дека исти така се придржија на санкцииите, така да кој остана? Локалното производство, под услов да имаат доволно компоненти за производствo’’-дециден е Цубалевски.


Иако луѓето сега повеќе размислуваат како да купат 10 кг брашно за своите деца, отколку да мислат на нов автомобил, факт е дека ќе има намалена побарувачка.Овде сеуште немаме почувствувано пад на побарувачката,но дека ќе има е повеќе од јасно,само прашање е кога и колкава ќе биде.Но и да се намали, благодарение на трансверот на линиите од Укрина, кај нас ќе нема проблем-завршува Цубалески.


Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста