САД бараат начин како да обезбедат платено породилно отсуство

Во многу сектори, вклучително и прехранбената индустрија како и науката, Американките заработуваат помалку од мажите. Во просек, една Американка заработува само 83 центи за секој долар заработен од маж.

Јазот е уште поголем кај Афроамериканските жени, домородните Американки, Латино како и одредени подпопулации на азиските жени.

На 15-ти март, претседателот Џо Бајден го одбележа денот кој симболизира колку долго жените мора да работат за да го заработат она што мажите го заработиле претходната година. Во 2021-ва година.

Пандемијата го попречи напредокот кај жените кои го вршат најголемиот дел од семејната грижа бидејќи се дома со децата кои посетуваат онлајн часови, а постарите членови на семејството го губат пристапот до грижа.

„Потпишав извршна наредба за промовирање на напорите за постигнување еднаквост во платите, еднаквост во платите за вработените во државната администрација. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите приватни компании да го следат, исто така”, рече Џо Бајден.

Активностите што ги најави Бајден нема да го решат родовиот јаз за платите во приватниот сектор. Администрацијата на Обама бараше од големите компании да пријават колку им плаќаат на работниците по раса и пол, но администрацијата на Трамп, под притисок на големите бизнис групи, го запре правилото во 2017-та година.


„Администрацијата на Бајден ги анализира податоците што беа собрани од приватни компании за да ги покаже разликите во платите по раса и пол. Се надеваме дека ова е првиот чекор за враќање на тоа правило“, вели Васу Реди, Национално партнерство за жени и семејства.

Исто така, заменик-претседателката Камала Харис, првата жена потпретседател, беше домаќин на виртуелен самит на Денот на еднакви плати, на кој присуствуваа претставници на администрацијата, спортисти и извршни директори.

 
„Економија која е добра за жените но, и за сите други, рече Камала Харис, потпретседателка на САД.

Некои тврдат дека задолжителното платено отсуство за новите родители може да помогне да се намали разликата во платите меѓу половите. САД се единствената развиена нација во светот без национална програма за платено родителско отсуство или породилно.

Една од четири жени во Америка се враќа на работа во рок од 10 до 14 дена по породувањето, што е зачудувачки и ужасно. Тоа е страшно за жените кои работат“, вели Адриен Швир од Двопартискиот политички центар.

Предложениот акт на Бајден за „Породилното“ е повторно поднесен, но предлог законот за социјални трошоци од два трилиони долари ќе треба да добие одобрување во Конгресот.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста