Велик Петок: Смртта и погребението на Господ Исус Христос
Велик петок – најтешкиот ден во годината во христијанската вера: ден на страдањата и смртта на Исус Христос. На овој ден синот божји бил распнат на крст за да ги искупи гревовите на човештвото. Христијанските верници со молитва и во тишина се во исчекување, на убавата вест:
Денеска е Велик Петок, најтажниот ден за православните Христијани. Верниците доаѓаат во црква и се молат, палат свеќи за здравје во очекување на објавување на радосната вест за Христовото воскресение – Велигден.
„Според богослужениот ред, денеска се изнесуваше плаштеницата, се поставува на гробот и се извршува погребението христово. Гробот и плаштеницата претставува делот каде ние од смрт преминува во животот“ вели за Алфа, отец Здравко од Црквата „Св.Петка“.
Според православниот канон на Велики петок е строг пост со вода, а многу верници денеска ниту пијат, ниту јадат до зајдисонце.
„Кој е во можност денеска ниту јаде ниту пие. Понемоќните им се дозволува храна, но во строг пост“ вели отец Здравко.
Постат и верниците, кој колку може во зависност од здраствената состојба.
Според апостолското предание, Исус Христос починал распнат на крст во „шестиот час од денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила. Сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“. Од тогаш, на Велики петок, кој се смета за најтежок празник во православието, бијат дрвени клепала, а камбаните не ѕвонат сè до недела кога првпат се огласува радоста на христовото воскресение.