1500 денари плус од минатиот месец му се потребни на едно семејство да се прехрани– 1000 евра за преживување во Mакедонија

1500 денари плус од минатиот месец му се потребни на едно семејство да се прехрани– 1000 евра за преживување во Mакедонија

Речиси 59 илјади  денари ( 58. 998)се потребни за едно четиричлено семејство да преживее, покажуваат најновите податоци од ССМ . Синдикалната кошничка за месец март е зголемена за 1522 денари од минатиот месец , а најголемо зголемување има кај храната и пијалоците.

Односно, податоците за март покажуваат дека потребни биле плус 1462 денари повеќе од во февруари само за храна кога за оваа намена биле потребни 21 .219 денари. Според синдикатот, ова веројатно се должи на тоа што престана да важи мерката за „загарантирани цени“ , па дел од производите веќе поскапеле.

Пресметката дека се потребни скоро 59 илјади денари за едно семејство е доколку истото живее во сопствен стан, доколку плаќаат кирија потребни ќе бидат 74 373 денари .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста