Со „Магента“ секој телевизор станува паметен-„Македонски телеком“ со нова генерација дигитална телевизија

Со „Магента“ секој телевизор станува паметен-„Македонски телеком“ со нова генерација дигитална телевизија

Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди едно сосема ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците. Новата телевизија е достапна секогаш и секаде и на сите екрани, со слика и звук со висок квалитет, модерен интерактивен интерфејс, пристап до апликации од Google Play Store, ТВ-тека, видеотека, видео клуб, снимање, паузирање, премотување и многу други напредни опции.
„MagentaTV не е само ново име, туку еволуција во телевизијата, којашто е одговор на новото дигитално време и на новите интереси на корисниците. Ние ја почнавме приказната за интерактивна телевизија уште во 2008 година и постојано воведувавме нови функционалности, со кои низ годините ја редефиниравме класичната телевизија. Но MagentaTV е многу повеќе од нова функционалност, тоа е една сосема нова приказна, каде на едно место имате пристап до голем број апликации, а омилените содржини можете да ги гледате каде сакате, кога сакате и на кој уред сакате“, истакна Емилија Андоновска, главен директор за приватни корисници.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста