Сламков за Алфа: Битката против корупцијата засилува

Сламков за Алфа: Битката против корупцијата засилува

Уапсената аналитичарка од МВР што зема мито за лажно доделување на социјален стан е во духот на промените што ги најавува новата влада во борбата со корупцијата во јавниот сектор. Експертите препознаваат нов ветар на промени кои што треба да донесат конкретни резултати во битката против корупцијата во ситер пори на општеството. Поранешниот претседател на Антикорупциска Ѓорги Сламков за Алфа вели дека очекува чешлање и детална ревизија на сите министерства и клучни институции во нивното материјално финансиска работење. Ова според него треба да биде првиот чекор што треба да го направи новата влада.

Ако службеничка на МВР земала по 15 илјади евра мито за да спреми фалц документи и додели државен стан, уште колку службеници на повисоки функции се дел од коруптивниот ланец во интитуциите?

На ова прашање според професорот Сламков одговори треба да даде проширената истрагата за аналитичарката од МВР која очигледно не можела сама да преговара доделување на социјални станови и да спрема фалсификати.

Сламков се сомнева дека во криминалот се вклучени и други луѓе кои можеби не се од МВР, но се дел од други институции и министерства, надлежни за доделување на социјални станови. Тој ја поздравува најавата на министерот Панче Тошковски дека ќе следи проширување на истрагата до крај, за да се санкционираат евентуални службеници кои земаат мито.

Дека Македонија е заглавена во корупција сведочи и последниот извештај на Транспаренси Интернешнл според кој земјава е на 76 -тото место во светот од вкупно 180 држави. Најголемата забелешка на извештајот за 2023 е дека Собранието го поткопа судството со измените на Кривичниот законик преку   намалувањето на казните за злоупотреба на службената положба, како и застарувањето на актуелни процеси за корупција.

Претставниците на меѓународната заедница во Македонија постојано критикуваат дека власта не водеа вистинска борба во искоренувањето на корупцијата во владините редови и во сите сфери на општеството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )