Штипските пензионери со празни тегли на протест: Со 5,3% покачување, можеме само со воздух да ги наполниме

Штипските пензионери со празни тегли на протест: Со 5,3% покачување, можеме само со воздух да ги наполниме

Штипските пензионери и денеска излегоа на масовен протест.  Држејќи празни тегли во рацете на Владата и министерката Тренчевска им го честитаа Денот на македонската револуционерна борба. Саркастично објаснија дека теглите не се празни, туку полни со воздух, бидејќи со покачувањето од 5,3% можеле да си го дозволат само него.

Треба да имаме пари за да купеме и да ги наполниме овие тегли. А пари нема, ни одат само за комуналии, лекови и сметки. Покачувањето то го добивме не бее доволно з да ги наполниме теглите. Секој гледа како зна и умее да преживее. Тие си ги качија платите за 78%, а на народот му дадоа троки“ револтирано коментираа типските пензионери.

И покрај текиот живот то го живеат, ведриот дух не ги напута типските пензионери кои на градскиот плотад кажаа и молитва за повисоки плати на функционерите.

Господе Те почитувам и Ти благодарам за се! Те молам на наите политичари и бизнисмени да им даде да печалат повеќе пари од лани. Нека се живи и здрави!

Пензионерите не отстапуваат. Бараат линеарно покачување од 5000денари и минамална пензија од 18.000денари. За наредниот месец најавија генерален протест во Скопје.

На 26 четврток ќе имаме состанок сите иницијативни одбори ќе се собереме во Свети Николе и ќе разговараме, односно ќе се подготвуваме за генералниот протест во Скопје кој ќе се одржи на 7ноември. Нема да се оде пред Влада. Ќе се протестира пред амбасадите на Америка, Европската Унија, Холандија, Германија, Англија“ изјави Соња Арсова од типскиот Иницијативен одбор.

типските пензионери најавија дека ќе барат ревизија на досеганото работење на преседателката на Сојузот на пензионери, за која тврдат дека ги опструирала протестите, со тоа то на иницијативните одбори им било забрането да ги користат просториите на здруженијата.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста