„Фрчат“ казни за брзо возење во Македонија

Во текот на вчерашниот ден (18.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 139 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста